• Simutronics Corp.

Почнува Сезона 25


Добредојдовте повторно,

Генерали, време е да ја испратиме во историјата Сезона 24 и да стартираме со Сезона 25! Со крајот на сезоната играчите кои се натрпеварувале храбро и си обезбедиле место во Престижен ранг 3 и нагоре, ќе бидат наградени со Престижни кутии. Рангирањата ќе бидат замрзнати и се разбира, ве очекуваме во новата сезона со уште повеќе победи! Сите Операции исто така ќе бидат вратени до ниво 1, затоа е време да покажете великодушност и да донирате свој дел Операции на сојузот!

Ги послушавме вашите коментари и решивме да ги зголемиме наградите при достигнување на максималното ниво на лични и сојузни Операции! Не заборавајте да ги надоградите сите!


А сега е време за најважниот дел од рестарот на Сезоната – промените по балансот!


БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:


Утврди

Утврди е најдобрата карта што се однесува до контрола и позиции како и за помош со оклопот. Заради недостатокот на популарност помеѓу играчите, малку ќе ја подобриме.


• Додадениот околоп се зголемува од 40% на 50%






Болничар

За да ги држи војниците живи и да ги намали жртвите, присуството на Болничар во комплетот ви е најдобриот избор. За да ја направиме оваа карта попривлечна за играчите, го зголемуваме лечењето во зона.


• Лечењето во зона се зголемува од 250 на 300






Тактички камион

Што е подобро од тоа да си точен, да пристигнуваш на местото брзо и со стил? А и да создадеш проблеми, кога ќе пристигнеш? Тактичката машина е најдобрата карта за оваа улога. Но, кога ќе присигне на локацијата, таа не издржува многу долго. За да учествува во забавата малку повеќе, го зголемуваме нејзиното здравје.


• Здравјето се зголемува од 6000 на 6500



Нагазни мини

Да ги зачуваш заземените позиции, бункери и бази од противникот не е лесна работа. За да ги направиме уште посигурни, ги зголемуваме малку штетите по зона на Нагазните мини. Никој нема да се осмели да помине низ нив.


• Штетите по зона се зголемуваат од 1300 на 1400




Гаубица

Ви се допаѓа да играте против противникот со далекострелни карти? Или едноставно сакате изненадно да искористите таква карта одвреме-навреме? Не грижете се, ние се погриживме! Ги зголемуваме штетите на Гаубицата за да може да е ефективна против противничките згради.


• Штетите по згради се зголемуваат од 2400 на 2500



Последна заштита

Давањето сила на волја на воените единици за да продолжат да се борат секогаш е важно. Меѓутоа кога се работи за Последна заштита, оваа карта е премногу силна.


• Максимално апсорбираните штети се намалуваат од 6500 на 6000

• Времетраењето се намалува од 12,8 секунди на 10 секунди


Јуриш

Бонус адреналин на војската на средината на битката е решение кое може да го одлучи исдот на битката. За да го направиме Јуришот помалку ефективен, го намалуваме неговиот бонус на брзината и времетраењето.


• Бонусот на брзина се намалува од 40% на 30%

• Времетраењето се намалува од 14 секунди на 10 секунди



Бел фосфор

Малку хаос кај противникот никогаш не е излишен, нели? Белиот фосфор може да е смртоносен и да предизвика паника кај непријателската војса, коеви дава голема предност. За да го направиме помалку ефективен, малку ќе го промениме.


• Штетите се намалуваат од 90 на 80

• Штетите по згради се намалуваат од 90 на 80

• Штетите по превоз се намалуваат од 90 на 80



Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за нови победи, Генерали?


0 views0 comments

Recent Posts

See All