• Simutronics Corp.

Почнува Сезона 26



Добредојдовте повторно, Генерали, време е да ја испратиме во историјата Сезона 25 и да стартираме со Сезона 26! Со крајот на сезоната играчите кои се натпреварувале храбро и си обезбедиле место во Престижен ранг 3 и нагоре, ќе бидат наградени со Престижни кутии. Рангирањата ќе бидат замрзнати и се разбира, ве очекуваме во новата сезона со уште повеќе победи! Сите Операции исто така ќе бидат вратени до ниво 1, затоа е време да покажете великодушност и да донирате свој дел Операции на сојузот!


Оваа сезона ќе ви претставиме чисто нова карта – Наредник Инструктор.

Наредникот инструктор е додаден во Ранг 9 и сите играчи во овој Ранг и нагоре имаат шанса да го отклучат и да го употребуваат во битка.


А сега е време за најважниот дел од рвстартот на Сезоната – промените по балансот и Наредникот инструктор !


Додадена е нова карта:

Во Ранг 9 и нагоре:



Наредник Инструктор

  • Тактичка карта

  • Додадена во Ранг 9

  • Ретка

  • Ресурс: 3

  • Наредник вооружен со пиштол со среден опсег на стрелба, кој ги зголемува штетите на пријателските војници околу него.

Улогата на Наредникот Инструктор исто така ја инспирира пешадијата околу него. Сите војници околу него ќе бидат со зголемени штети.






Ветеранската верзија на картата исто така ќе биде достапна!


БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:




Среден тенк


Средниот тенк не беше претпочитан избор помеѓу тенковите, Затоа ги зголемуваме неговите штети по возила и згради:


Зголемени штети по згради од 2800 на 3000

Зголемени штети по возила од 2800 на 3000




Тежок тенк


Во претходната сезона бојните полиња беа доминирани од други побрзи и поевтини тенкови. За да го направиме тешкиот тенк повреден избор, ги зголемуваме неговите штети по згради:


Зголемени штети по згради од 3800 на 4200





Супер-тежок тенк


Супер-тешкиот тенк не беше популарен избор во текот на последната сезона. И покрај големото 122мм оружје, штетите од неговото помало оружје не беа доволно адекватни. Затоа ќе ги зголемиме.


Зголемени штети по згради од 1800 на 2200

Зголемени штети по возила од 1800 на 2200




Противтенковска бомба


Противтенковската бомба е една од најполезните тактики која може да ви помогне да нанесете штети на противничкиот превоз од растојание. Нејзината популарност во текот на претходната сезона нè натера да ги намалиме нејзините штети по возила.


Намалени штети по возила од 6000 на 5500




Пилбокс


Пилбоксото блештеше и беше многу популарен во текот на изминатата сезона. Тој обезбедуваше голема огнена моќ поради фактот дека може моментално да биде поставен на фронтот. Оваа сезона ќе ја промениме малку нејзината способност да издржува.


Животни поени намалени од 7000 на 6000




Бел фосфор


Белиот фосфор не се претставуваше на ниво во текот на претходната сезона. За да ги натераме играчите повторно да ја избираат картата, ќе ги промениме нејзините штети.

Зголемени штети од 80 на 100






• Освен ова, направивме мали прилагодувања на опсегот на некои карти, за да се претставуваат подобро на фронтот:

Снајперист, Стрелец со пушка, Минофрлач, Командос, Воен херој


Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за нови победи, Генерали?


2 views0 comments

Recent Posts

See All