Simutronics Corp.
Пристигна Сезона 29!
Добредојдовте повторно, Генерали! Дојде крајот на сеозната, а тоа го одбележува и почетокот на сезона 29!
Ирачите од Престижен ранг 3 и нагоре се наградуваат за напорите, рангирањата се рестартирани и започнува новата авантура кон врвот!
Оваа сезона на фронтот ќе се појави нова карта - Самодвижечка мина!
Додадена е нова карта:
Додадена во Ранг 6:

Самодвижечка мина:
Воена карта
Додадена во ранг 6
Ретка реткост
Цената е 3 ресурс
Оклопена мина, опремена со синџири. Ги приоретизира градбите и возилата и се удира во нив, нанесувајќи им големи штети.
Самодвижечката мина е неверојатна нова единица која може да им помогне на играчите да уништуваат градни и да играат поагресивно против возила.
Ќе биде достапна и ветеранска верзија на картата!
Промени во балансот

Наредник инструктор
Наредник инструкторот изгледаше малку лесен за убивање во битка и за да го направиме малку поиздржлив на фронтот, го зголемуваме неговото здравје.
Зголемено здравје од 4000 на 4500

Гаубица
Малку ги намалуваме штетите по згради на гаубицата за да ја направиме малку побалансирана.
Намалени штети по згради од 2500 на 2300

Воен мотоцикл
Слично на Наредник инструкторот, воениот мотоцикл не издржуваше долго на фронтот и за да сме сигурни дека ќе се претстави подобро во оваа сезона, го зголемуваме неговото здравје.
Зголемено здравје од 3500 на 4000.

Пилбокс
Пилбоксот се користи во битка за да ги расее непријателите и да ги натера војниците да се фокусираат на конкретна цел, различна од освојувањето на воени постови и бункери. Таа е многу моќна карта, ако се користи правилно и затоа го намалуваме нејзиното здравје.
Намалено здравје од 6500 на 6000

Супер тежок тенк
Супер тешкиот тенк беше малку побавен од останатите тенкови и за да го направиме малку попривлечен, ја зголемуваме неговата брзина на движење како и штетите по зона.
Зголемена брзина на движење од 2,50 на 3
Зголемени штети по зона од 900 на 1500

Лесен тенк
Малку ги намалуваме штетите по згради на лесниот тенк. За својата ниска цена, лесниот тенк се справува многу добро против згради. Ја правиме оваа промена надевајќи се тој да стане побалансиран во текот на претстојната сезона.
Намалени штети по згради од 1400 на 1300

Среден тенк
Средниот тенк ќе види зголемување на неговите штети по зона. Оваа промена е потребна за тој да стане поиздржлив против непријателските единици и да трае подолго на фронтот.
Зголемени штети по зона од 1300 на 1400

Тежок тенк
Слично на средниот тенк, тешкиот тенк ќе биде со зголемени штети по зона за да го подобриме неговото претставување против непријателски единици.
Зголемени штети по зона од 1900 на 2000
Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.
Спремни ли сте за битка, Генерали?