• Simutronics Corp.

Сезона 32 е тука!



Добредојдовте повторно, Генерали! Денес го одбележуваме почетокот на 32-рата сезона во Siege:World War II! Честитки на сите играчи кои го достигнаа Престижниот ранг Гардист III и нагоре! Наградите ве очекуваат! Рангирањата се ресетирани и повторно е време за битки!

Сите операции се ресетирани и оваа сезона ги разместивме местата на некои од нив за да направиме поинтересни и поразновидни избори за време на игра. Можете да донирате за подобрување на операциите во нивното мени!


Ротација на Операциите:


Операции Ранг 1:

  • Хероизам

  • Оклоп

  • Баталјон

Операции Ранг 2:

  • Засилување

  • Собирање војска

  • Инспирирани тактики

Операции Ранг 3:

  • Јака одбрана

  • Горење

  • Бодликава жица

Сојузни Операции:

  • Блицкриг

  • Воздушна дивизија

  • Бомбашка флота


Додадена е нова карта:

Додадена во Ранг 8:



Пропаганда:

  • Тактичка карта

  • Додадена во ранг 8

  • Реткост: Ретка

  • Цената: 6 ресурс

  • Изберете зона во која да пуштите пропагандни флаери и ќе ја свртите противничката пешадија да се бори на ваша страна за краток период. Картата има шанса да ги сврти и противничките возила на ваша страна.


Пропагандата е многу моќна тактичка карта, особено ако се искористи во правилниот помент на фронтот.



Ќе биде достапна и ветеранска верзија на картата!


Промени во балансот



• Артилериски бараж

Првата карта во списокот ни е артилерискиот бараж. Таа не е помеѓу омилените кај играчите и за да го смениме ова, променуваме 3 нејзини модификатори:


Зголемени штети од 450 на 700.

Штети по згради зголемени од 800 на 1000.

Штети по возила зголемени од 800 на 1000.








• Снајперист

Слично на Артилерискиот бараж, Снајперистот исто така отсуствуваше од светлината на проекторите. За да ја вратиме обратно картата во радарот на играчите, ги зголемуваме нејзините штети.


Зголемени штети од 2400 на 2600.









• Командос

Кломандосот беше одлична карта со која може да напредуваш во противничката територија и да нанесеш добри штети. Меѓутоа нејзиното здравје е доста големо за нејзината цел на фронтот и за да ја корегираме, го намалуваме здравјето.


Намалено здравје од 4800 на 4500.










• Уништувач на тенкови

Уништувачот на тенкови ги анихилира оклопните превозни средства на фронтот. За да го балансираме, малку ги намалуваме неговите штети по возила.


Намалени штети по возила од 5800 на 5600.










• Бел фосфор

Белиот фосфор е одлична тактичка карта која е доста разновидна како функција и може да нанесува штети како на пешадија, така и на возила и згради. За дополнително да ја зголемиме нејзината ефективност против пешадија, малку ги зголемуваме Огнените штети.


Зголемени огнени штети од 90 на 120.








• Експлозивни мини

Експлозивните мини се перфектниот избор кога треба да се справиш со противничката војска, бидејќи тие не само што нанесуваат штети, а и го успоруваат непријателот. Но според нас, на картата сѐ уште ѝ недостасува нешто. За да го поправиме ова, ги зголемуваме штетите и штетите по возила во зона.


Зголемени штети од 800 на 900.

Зголемeни штети по возила во зона од 1700 на 1800.





• Артилерец

Артилерецот се користи против војска, згради и најважното - против возила, заради неговата специјална способност да стрела со противтенковска граната. Картата беше многу ефективна на фронтот во изминатите сезони и за да ѝ ја вратиме старата слава, малку ќе го зголемиме нејзиното здравје и штетите по возила по зона.


Зголемено здравје од 1000 на 1200.

Зголемeни штети по возила во зона од 1300 на 1500.





• Ракетна батерија

После неодамнешните промени Ракетната батерија се претвори во доминирачка сила на фронтот. Затоа малку ги намалуваме нејзините штети против возила за да ја направиме малку побалансирана.


Намалени штети против возила од 1900 на 1700.








Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за битка, Генерали?


0 views0 comments

Recent Posts

See All