• Simutronics Corp.

Експедиции и Поволности



Што се Експедициите и како работат?


1. Експедициите се нов PvE модул во кој играчите можат да освојуваат ресурси и да пронаоѓаат поволности. Модулот ќе биде достапен за играчи над 500 ПП. Експедициите се наоѓаат под Настани во нов таб, наречен “Експедиции”. Играчите можат да ги испраќаат своите карти на експедиција за да освојуваат ресурси и поволности.



Колку успешна е дадена ескпедиција ќе зависи од Доминацијата на армијата. Таа се пресметува на основа на нивото на реткоста на картите, кои играчот избира да ги користи. Повисока Доминација ќе носи подобри награди. Колку повисока е тежината на експедицијата, толку потешко ќе биде да се достигне висока Доминација на армијата.













2. За секоја Експедиција се потребни определени карти за да биде започната.


Има 4 нивоа на тежина, кои се отклучуваат на различни вредности на ПП. Првото ниво се отклучува заедно со модулот - 500 ПП, второто - 1000 ПП, третото - 1500 ПП и четвртото на 2500 ПП. За повисоките тежини е потребно подолго време да завршување.























3. При 100% Доминација на армијата играчите добиваат бонус шанса да добијат Поволности. Колку е повисока тежината на Експедицијата, толку подобри се и наградите.


Кога дадена Експедиција завршила успешно, играчите ќе можат да ги земат своите награди од екранот за Експедиции.
























4. Играчите ќе можат да ги користат во битка картите, кои биле испратени на Експедиција. Ако дадена карта се користи во дадена експедиција, таа не може истовремено да се користи во друга експедиција.



























Што се Поволностите и како работат?


1. Поволностите можат да бидат пронајдени на секоја карта преку клик на копчето “Додај Поволност”, кое го носи играчот кон екранот со Поволностите. За да користите Поволност, треба да екипирате слот на картата. Поволностите влијаат на модификаторите на картата со тоа што им даваат бонуси.

























2. Поволностите имаат 4 реткости слично како и картите - Обична, Необична, Ретка и Херојска. Секоја реткост дава различен број бонуси на модификаторите - Обична - еден бонус на модификатор, Необична - 2 бонуси на модификатор, Ретка - 3 бонуси, Херојска - 4 бонуси. Дополнителни бонуси можат да се отклучат на различни нивоа на Поволноста: Втори бонус - ниво 5; Трети бонус - ниво 10; Четврти и финален бонус - ниво 20; Овие дополнителни модификатори можат да се појават кај различни почетни % на бонусите: Втори модификатор - помеѓу 1% и 5%; Трети модификатор - помеѓу 1% и 10%; Четвърти модификатор - помеѓу 1% и 20%.















3. Поволностите можат да се надоградуваат преку ресурси во Експедициите - Муниции, хартија, Јаглен и Метал. Во зависност од реткоста на Поволноста, потребни се различни видови ресурси за надоградување на повисоко ниво.





4. Поволностите од различна реткост имаат различни максимални нивоа. Поретките Поволности можат да се надоградуваат повеќе.


Слотот на секоја картичка може да биде надограден за да може во него да се постави поволност од повисока реткост. Секој слот може да се надоградува 3 пати. Ако играчот има Поволности кои нема да ги користи, тој може да ги уништи и да добие Скрап. (Ресурс, кој се користи за надоградување на слотот за поволности.)












5. Ако картата го нема модификаторот кој го има Поволноста, тој нема да влијае на картата за време на битката. Ако модификаторот е несоодветен со картата, до него ќе се покаже мал знак.




























6. Ќе има бесплатна кутија со ресурси и поволности под новиот таб “Поволности” заедно со другите кутии со ресурси и поволности.


.



























Веруваме дека овој нов модул ќе ги направи битките уште поинтересни и ќе создаде нови стратегии и поразновиден гејмплеј за играчите.


1 view0 comments

Recent Posts

See All