• Simutronics Corp.

Сезона 15 доаѓа!




Рестарт на сезоната


Добредојдовте во сезона 15! Како и при секој рестарт на сезона, моменталното рангирање е замрзнато и почнува ново рангирање за сезоната.


Оваа сезона нема да се ресетираат операциите и целиот ваш прогрес од претходната сезона ќе остане! Исто така и сите непотрошени операции од последната сезона ќе се префрлат во оваа сезона! Меѓутоа Операциите на кланот се малку преуредени бидејќи последната сезона Руска Зима беше најпреферираниото избор и ние би сакале да допринесеме за поразновиден гејмплеј. Додадени се и бонус Оперативните поени од Престижниот ранг кој сте го достигнале во последната сезона.


Сите играчи во Престижни Рангови (Гардист III и нагоре) се наградени со Престижна кутија на основа на највисокиот Престижен ранг достигнат за време на сезоната и нивните Поени од победа се ресетирани до претходно одредените количества (како што е означено во екранот на ранговите).


Натпреварот почнува одново! Искачете се до врвот на Рангирањето и отклучете ги необјавените карти во Престижните Категории!


Сојузни војни!


Оваа сезона ви претставуваме целосно нов модул – Сојузни војни! Знаејќи ја важноста на Клан системот, сега би сакале да допринесеме уште повеќе за модулот. Затоа ги претставуваме Сојузните војни. Овие епски војни ќе им дадат можност на сите играчи да им донесат слава на своите сојузи. Очекувајте да доснаете повеќе во претстојнит денови!




Распределување на операции:


Ранг 1 Операции:


• Оклоп

• Хероизам

• Баталјон

• Награда за целосно надоградување: 1 Гигантска кутија!



Ранг 2 Операции:

• Блицкриг

• Јака одбрана

• Воздушна дивизија

• Награда за целосно надоградување: 600 злато!



Ранг 3 Операции:


• Горење

• Инспирирани тактики

• Засилување

• Награда за целосно надоградување: 1 Кутија на ветеранот!







Операции на кланот:


• Собирање војска

• Бомбашка флота

• Награда за целосно надоградување: 350 Дијаманти!





БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:


Тактики



Стражарска кула


• Намален бонус за марширање напред за 40%

• Стражарската кула е редовно користена во комплети кои се потпираат основно на моментални штети од тактики. Бидејќи зголемувањето на опсегот беше премногу високо, малко го намалуваме за да го задржиме баланост, а истовремено да продолжи да биде и забавно за играње.






Воен херој


• Зголемено здравје од 7500 на 10000

• Им даваме значително зголемување на здравјето на Воените херои бидејќи тие се лесно убивани кога ќе се најдат во средината на битката.








Змејски заб


• Зголемено здравје од 3000 на 5000

• Змејскиот заб е помалку преферираниот избор во споредба со Противтенковските мини и други противтенковски средства. Се трудиме да допринесеме за поразновиден стил на игра преку зголемување на Здравјето на картата, кое што Змејскиот заб би го направило потешко за отстранување.






Тепих-бомбардирање


• Зголемени штети по единици од 500 на 1000

• Зголемени штети по возила од 1000 на 1500

• Мислиме дека Тепих-бомбардирањето треба да биде карта што треба да може да ја смени секоја ситуација во битка и затоа ги зголемуваме штетите кои ги нанесува.






Митралеско гнездо


• Зголемено Здравје од 7000 на 8000

• Зголемен Домет од 13.8 на 14.5

• Моментално Митралеското гнездо е помалку преферираниот избор во споредба со Пилбоксот. Би сакале да го промовираме Митралеското гнездо како поофанзивен избор за битка и затоа го зголемуваме неговите поени здравје и домет.





Гаубица


• Намалено Здравје од 6000 на 5000

• Намалени штети по возила од 2300 на 2000








Единици


Артилерец


• Зголемено Здравје од 750 на 1000

• Додаваме мало зголемување на поените здравје на Артилерецот бидејќи тие беа лесен плен при насочена моментална стрелба.








Командос


• Зголемено здравје од 4200 на 5000

• Недоволно искористен, Командосот сѐ уште си бара место во центарот на вниманието. Ги зголемуваме неговите поени здравје со цел да го направиме добар избор против непријателски возила и помали единици.






Воен инженер


• Намалено Здравје од 2400 на 2000

• Малку ги намалуваме поените здрвје на Воените инженери за да ги направиме поеднакви со Болничарите







Болничар


• Зголемено здравје од 2200 на 2500

• Бидејќи обично се наоѓаат во средината на битката, Болничарите сега добиваат малко покачување во поените здравје со цел да бидат поизводлив избор.







Механичар


• Зголемено Здравје од 1800 на 2000

• Намалени вредности на Поправање од 250 на 200

• Како и болничарите, на Механичарите им беа потребни повеќе поени здравје, меѓутоа им ги намалуваме нивните вредности на поправање бидејќи кај некои возила се забележува зголемување во нивните статистики.





Уништувач на тенкови


• Намалени штети по единици од 1500 на 1000

• Намалени штети по згради од 1500 на 1000

• Уништувачот на тенкови ќе има една главна функција - да биде ултимативниот противник на текновите. Затоа му ги намалуваме штетите кои ги нанесува на единици и згради.






Супер-тежок тенк


• Зголемено здравје од 14000 до 20000

• Зголемена брзина на движење од 2 на 2.5

• Зголемена брзина на напад на топот од 128мм од 8 сек. на 5 сек.

• Мислиме дека картата е доста недоволно застапени низ сите рангови поради недостигот на мобилност, ранливоста против сите противтенковски средства и ниска брзина на напад. Затоа ги правиме потешки, подобри, побрзи, посилни!



Тежок тенк


• Зголемено здравје од 12000 на 15000

• Зголемена брзина на движење од 1.75 на 2.5

• Исто како и Супер-тешкиот тенк, нивните помали браќа – Тешките тенкови добиваат значително подобрување за да би можеле да станат попосакуван избор.






Среден тенк


• Зголемено здравје од 9000 на 10000

• Зголемена брзина на движење од 2.5 на 3

• Средните тенкови исто така добиваат зголемување во брзината на движење и поените здравје





Снајперист


• Намалено здравје од 2800 на 2400

• Намалени штети по возила од 200 на 100

• Снајперистите ќе останат противници на не-возилата. Затоа малку ги намалуваме нивните поени здравје и штетите против возила.






Пламенофрлач


• Намалено здравје од 2800 на 2400

• Намалени штети по возила од 50 на 25

• Постојано гледаме како пламенофрлачи уништуваат тенкови без да поднесуваат некои значајни штети. Бидејќи најмногу се употребуваат против единици со пониски поени здравје, ја намалуваме нивната ефикасност против возила.



Играта продолжува!


0 views

© 2018 Simutronics Corporation.