Simutronics Corp.
Сезона 16 е овде!
Нова Сезона
Добредојдовте во сезона 16! Како и со секој почеток на нова сезона, моменталните рангирања се заклучени и започнува ново рангирање.

Во оваа нова сезона ви претставуваме нова епска функционалност – Воени достигнувања! Преку херојски дела ќе можете да собирате ордени, медали и награди, кои ќе допринесат за слава на вашиот профил и ќе останат таму засекогаш. Повеќе ќе дознаете во идните денови.
За сѐ да изгледа уште подобро, сите играчи ќе ја започнат новата сезона со ниво 1 на операциите и ќе можат да ги надоградат до ниво 5! Ова ќе ја обогати динамиката на играта и ќе обезбеди равенство при битките. Нешто повеќе – нема да правиме нова ротација и операциите ќе си останат со конфигурацијата од последната сезона.
Сите играчи од Престижен ранг (Гардист III и нагоре) добиваат престижна кутија со содржина базирана на највисокиот престижен ранг, достигнат во сезоната, освен ова поените од победа се ресетирани до претходно зададени вредности (како што е означено во екранот на рангот).
Натпреварот почнува одново! Искачете се до врвот на рангирањата и отклучете нови карти од Престижниот ранг!
Моментални операции:
Ранг 1 Операции:
Оклоп
Хероизам
Баталјон
Награда за целосно надоградување: 1Гигантска кутија!

Ранг 2 Операции:
Блицкриг
Јака одбрана
Воздушна дивизија
Награда за целосно надоградување: 6000 злато!

Ранг 3 Операции:
Горење
Бомбашка флота
Засилување
Награда за целосно надоградување: 1 Кутија на ветеранот!

Операции на кланот:
· Собирање војска
· Инспирирани тактики
· Награда за целосно надоградување: 350 Дијаманти!

БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:
Тактики

Воен херој
Зголемена цена од 4 на 5
Намалени штети по згради од 800 на 500
Намалени штети од пожар на зграда од 100 на 80

Тепих-бомбардирање
Зголемена цена од 6 на 7
Ја зголемуваме цената на Тепих-бомбардирањето за 1 за да може да адекватно да одговара на неговата ефективност на бојното поле

Гаубица
Зголемено здравје од 5000 на 6000
Зголемени Штети по возила од 2000 на 2300
Го зголемуваме здравјето и штетите по возила. Така ја оправдуваме цената ан Гаубицата и ја зацврстуваме нејзината способност да се бори со бункерите и тешките возила.

Уништувач на бункери
Намалени штети по згради од 6000 на 5500
Уништувачот на бункери се сметаше за насилното оружје во комплети, базирани на тактики. Бидејќи неговите штети беа премногу големи за карта со вредност 2, ги намалуваме малку неговите штети по згради.

Противтенковска бомба
Зголемени Штети по возила од 4400 на 5000
Во последните неколку сезони Противтенковската бомба се претставуваше послабо против својата главна цел – тенковите. Ги зголемуваме нејзинити штети за да го подобриме нејзиното претставување во битка против нив.
Единици

Минофрлач
Зголемени штети по единици од 350 на 500
Зголемени штети по згради од 350 на 500
Зголемени Штети по зона од 1050 на 1300
Заради ниската брзина на движење и слабите штети, минофрлачот беше во сенката на другите пешадиски единици во претходната сезона. Малку ги зголемуваме неговите целосни штети, кое ќе го претвори во уништувачка единица на бојното поле, но сепак ранлив спрема некои негови противници.

Огнен тенк
Зголемени штети по превоз од 200 на 500
Огнените тенкови беа ефективни при рушење на згради, но имаа огромни недостатоци при нанесување на штети на други тенкови, како и кај издржливоста против нив. Го зголемуваме нанесувањето на штети по превозот, за да обезбедиме посправедливи усови за оклопните единици во оваа сезона.
Спремни ли сте за новата сезона?