• Simutronics Corp.

Сезона 17 е овде!



Нова сезона

Добредојдовте во сезона 17! Како и со секој почеток на нова сезона, моменталните рангирања се заклучени и започнува ново рангирање.


Во оваа сезона ви претставуваме наполно нов модул – Судирот на нациите! Играчите ќе имаат можност да покажат пред цел свет колку е голема нивната нација борејќи се рамо до рамо со најдобрите играчи од својата држава. Настанот ќе се спроведе во две етапи – Квалификации и Турнир. За време на квалификациите играчите ќе собираат поени од победи и ќе се искачуваат во рангирањето на својата држава. После крајот на квалификациите играчите од топ 200 со најмногу поени од победи во секоја држава ќе станат дел од Национален сојуз. Во втората етапа играчите ќе треба да се наптреваруваат против други држави за да достигнат топ позиции во рангирањето. Времетраењето на сезоната ќе биде променето на 2 месеци за да е адекватно на одржувањето на настанот.


Воведуваме промена во битката. Уништувањето на главната база беше стратегија која играчите ја користеа прекумерно во претходната сеазона. Во текот на оваа сезона играчите нема да можат да ја уништуваат непосредно. Веќе ќе треба да уништат минумум еден бункер за да можат да ја напаѓаат базата.


Операциите на сите играчи повторно ќе бидат отклучени на ниво 1 со почетокот на новата сезона и ќе можат да бидат надоградувани до ниво 5. Ова ќе ја обогати динамиката на играта и ќе обезбеди равенство при битките. Нешто повеќе – нема да правиме нова ротација и операциите ќе си останат со конфигурацијата од последната сезона.


Сите играчи од Престижен ранг (Гардист III и нагоре) добиваат престижна кутија со содржина базирана на највисокиот престижен ранг, достигнат во сезоната, освен ова

поените од победа се ресетирани до претходно зададени вредности (текущие обеспеченные очки от побед).


Натпреварот почнува одново! Искачете се до врвот на рангирањата и отклучете нови карти од Престижниот ранг!





Моментални операции:


Ранг 1 Операции:


Оклоп

Хероизам

Баталјон

Награда за целосно надоградување: 1 Гигантска кутија!



Ранг 2 Операции:


Блицкриг

Јака одбрана

Воздушна дивизија

Награда за целосно надоградување: 6000 злато!



Ранг 3 Операции:


Горење

Бомбашка флота

Засилување

Награда за целосно надоградување: 1 Кутија на ветеранот!





Операции на кланот:


Собирање војска

Инспирирани тактики

Поле со бодликава жица

Награда за целосно надоградување: 350 Дијаманти!






БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:


Тактики



Противтенковска бомба


  • Штетите по возила се зголемени од 5000 на 6000

  • Бидејќи многу играчи користат тенкови во своите комплети, желбата ни е да обезбедиме моќна противдејствувачка тактика, која да овозможи преживување од инвазија на тенкови




Бомбардирање


  • Штетите по возила се зголемени од 500 на 600

  • Бомбардирањето е карта која играчите можат да ја користат против превозни средства, затоа малку ја подобривме за повеќе ефективност.





Единици


Болничар


  • Зголемено здравје од 200 на 250

  • Го зголемуваме здравјето на Болничарот за да е поефективен во предните редови на фронтот.





Огнен тенк


  • Зголемено здравје од 8600 на 9000

  • Огнените тенкови се ефективни против згради, но им фалеше издржливост. Ќе го зголемиме нивното здравје за да обезбедиме поеднакво поставени битки помеѓу оклопните единици оваа сезона.



Тежок тенк


  • Намалени штети од 2100 на 1900

  • Намалени штети по згради од 4200 на 3800

  • Тешкиот тенк се користи изњонредно многу заради неговата способност да уништува сѐ по неговиот пат. Затоа ги намалуваме неговите штети по згради, како и неговит штети воопшто.


Командос


  • Намалени штети по возила во зоната од 3200 на 3000

  • Командосот има висока ефективност против тенкови. Тој ги затемнува останатите единици благодарение на своите бомби против возила, затоа ги намалуваме штетите, кои им ги нанесува нив.


Спремни ли сте за новата сезона?











2 views

© 2018 Simutronics Corporation.