Simutronics Corp.
Доаѓа Сезона 19
Рестарт на сезоната
Добредојдовте во сезона 19! Како и со секој почеток на нова сезона, моменталните рангирања се заклучени и започнува ново рангирање.

Во новата сезона ќе ви претставиме нов модул – База. Базата ќе се состои од различни згради, кои ќе обезбедуваат различни бонуси. Играчите ќе можат да ги подобруваат статистиките на своите карти, како и да добиваат други бонуси со тоа што ќе трошат ресурси.
Ова ќе го направи секој комплет уникатен и ќе дозволи поголема разновидност за време на битка во Siege: WWII. За да ви откриеме дел од тоа што следува, ќе ги објавиме имињата на некои од зградите:
Генералштаб, Команден пункт, Хангар – но какви бонуси ќе даваат?
Друга важна промена е намалувањето на времетраењето на битката. Битките веќе ќе бидат по 4 минути. Веруваме дека ова ќе ги направи играчите уште похрабри на фронтот и ќе ги натера да го дадат најдоброто од себе.
Повторно сите играчи ќе ја започнат новата сезона со отклучени Операции на ниво 1 и ќе можат да ги надоградат до ниво 5! Ова ќе промовира поразновиден гејмплеј и равенство кај битките. Освен тоа нема да има ротација на операциите и тие ќе останат со конфигурацијата од минатата сезона.
Сите играчи од Престижен ранг (Гардист III и нагоре) добиваат престижна кутија со содржина базирана на највисокиот престижен ранг, достигнат во сезоната, а поените од победа се ресетирани до претходно зададени вредности (како што е означено во екранот на рангот).
И двете верзии на Змејските заби – нормална и ветеранска – ќе бидат достапни и веќе ќе има шанса да се паднат од кутии.
Натпреварот почнува повторно! Искачувајте се до врвот на рангирањата и отклучувајте карти од Престижниот ранг!
БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:

Гренадир
• Намалени штети од 120 на 100;
• Во претходната сезона Гренадирот беше една од водечките единици, кои доминираа на фронтот. Затоа во наредната сезона ги намалуваме неговите штети;

Мини тенк
• Зголемени штети по згради од 50 на 70;
• Мини тенкот беше добра опција против противнички единици, но му беше тешко против згради. Затоа ги зголемуваме неговите штети по зона за да го направиме попривлечен избор;

Минофрлач
• Намалени штети по згради од 1300 на 1200;
• Минофрлачот се користи премногу поради неговата ефикасност против сите видови единици. Затоа ги намалуваме неговите штети по згради;

Бел фосфор
• Намалени штети, штети по згради и штети по возила од 100 на 90;
• Белиот фосфор беше крајно ефикасен во текот на минатата сезона заради неговите високи штети. Затоа ги променуваме неговите штети, штетите по згради и штетите по возила;

Последна заштита
• Зголемена максимално апсорбирана штета од 6500 на 7000;
• Во изминатата сезона видовме дека Последна заштита не се користеше често. Затоа го зголемуваме количеството на максимална штета, која може да ја претрпи;
Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.
Спремни ли сте за новата сезона?