Simutronics Corp.
Доаѓа Сезона 21
Рестарт на сезоната
Добредојдовте во сезона 21! Како и со секој почеток на нова сезона, моменталните рангирања се заклучени и започнува ново рангирање.
Сите играчи од Престижен ранг (Гардист III и нагоре) се наградени со Престижна на основа на највисокиот Престижен ранг, достигнат во сезоната и нивните поени од победа се фиксирани со претходно зададени вредности (како што е означено во екранот на рангот).
Натпреварот почнува повторно!
БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:
Тепих-бомбардирање

· Намалени штети по згради од 1000 на 800;
· Намалени штети по возила од 1500 на 1200;
· Минатата сезона Тепих-бомбардирањето беше една од најсилните карти која се користеше за уништување на згради и превоз и со неа можеше лесно да се исчисти фронтот. За да ги направиме битките тактички побогати, ги намалуваме штетите по згради и превоз.
Бомбардирање

· Намалени штети по згради од 500 на 400;
· Намалени штети по возила од 600 на 550;
· Слично на Тепих-бомбардирањето, штетите на Бомбардирањето се премногу големи, кое води до нивното намалување во текот на следната сезона.
Ракетен удар

· Намалени штети по згради од 5000 на 4500;
· Намалени штети по возила од 5000 на 4500;
· Ракетниот удар доминираше на фронтот. Картата се покажа доста помоќна од предвиденото во последните неколку сезони. Со тоа што се има во предвид и каков страв породува кога се користи, ги намалуваме неговите штети по згради и возила.
Снајперист

· Зголемени штети од 2000 на 2400:
· Во последната Сезона забележавме дека Снајперистот не се користи често. Затоа ги зголемуваме неговите штети.
Минофрлач

· Зголемени штети од 500 на 600;
· Минофрлачот е ефективна единица против големи превозни средства и војници. Затоа во текот на минатата Сезона оваа единица се претставуваше слабо на фронтот и затоа решивме да ги зголемиме штетите кои ги нанесува за да им се спротистави на противниците.
Пламенофрлач

· Зголемени штети во зона од 200 на 250;
· Го видовме Пламенофрлачот во битка и оценивме дека нешто му недостига. Затоа малку ги зголемуваме неговите штети во зона за да го претвориме во соодветен за избор војник.
Падобранци

· Зголемена цена од 2 на 3;
· Предноста која Падобранците им ја даваат на играчите во почетната фаза на битката е премногу голема поради нивната ниска цена и тие лесно можат да го сменат текот на битката. Затоа ја зголемуваме нивната цена.
Лесен тенк

· Зголемени штети во зона од 600 на 900;
· Зголемени штети по згради од 1200 на 1400;
· Лесниот тенк не беше популарен избор во минатата Сезона. За да го претвориме во повторно вреден избор, ги зголемуваме неговите штети во зона и по згради.
Мини тенк

· Зголемени штети по згради од 70 на 110;
· Зголемени штето по возила од 50 на 90;
· Мини тенкот е една од единиците кои се користат поретко. Затоа ги зголемуваме неговите штети по згради и возила.
Митралеско гнездо

· Зголемени штети од 180 на 200;
· Зголемени штети по згради и возила од 90 на 100;
· Митралеското гнездо не беше во центарот на вниманието. Затоа ги зголемуваме неговите основни штети, како и тие по згради и возила.
Пилбокс

· Зголемени штети од 60 на 80;
· Зголемени штети по згради и возила од 30 на 40;
· Пилбоксот немаше многу моменти во кои да изгрее на фронтот во текот на минатата сезона. Затоа ги зголемуваме неговите базови штети, како и тие по згради и возила.
Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.
Спремни ли сте за новата сезона?