• Simutronics Corp.

Почнува Сезона 22



Рестарт на сезоната


Добредојдовте во сезона 22! Како и со секој почеток на нова сезона, моменталните рангирања се заклучени и започнува ново рангирање.


Во новата сезона ќе ви претставиме неколку промени. На прво место го зголемуваме нивото на картите од 25 на 27. Сега играчите можат да ги подобруваат своите карти и да купуваат платеници до 27-мо ниво.


Освен тоа правиме и промени кај битките. Сега играчите ќе треба да ги уништат и двата бункери пред да ја нападната базата на противникот.

Ќе направиме промени и кај изборот на противник. Играчите веќе нема да се паѓаат против еден ист противник два последователни пати.


Сите играчи од Престижен ранг (Гардист III и нагоре) се наградени со Престижна на основа на највисокиот Престижен ранг, достигнат во сезоната и нивните поени од победа се фиксирани со претходно зададени вредности (како што е означено во екранот на рангот).


Натпреварот почнува повторно!

БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:


Стрелец со пушка

- Зголемено Здравје од 2000 на 2200;

- Во текот на изминатата сезона видовме дека Стрелците со пушки се користат во битките, но сѐ уште изгледаа како лесни цели. Затоа ги зголемуваме нивните поени Здравје за да ги претвориме во подобар избор.







Ракетен фрлач

- Зголемени штети во зона од 100 на 150;

- Ракетниот фрлач е една од најчестите опции кога играчите сакаат големи штети на релативно ниска цена. Меѓутоа нивните штети во зона не се доволно ефективни и затоа ги зголемуваме.








Среден тенк

- Зголемени штети по возила од 2600 на 2800;

- Зголемени штети по згради од 2600 на 2800;

- Во последната сезона Средниот тенк не се користеше често во битките во споредба со тешките единици, поради слабите штети, кои ги нанесува. Иако се користи основно против противнички војски, ги зголемуваме неговите штети, кои ги нанесува по згради и возила, за да го направиме ефективен во сите битки.


Последна заштита

- Намалени Максимални штети од 7000 на 6750;

- Во минатата сезона видовме дека Последната заштита се користи повеќе од нормалното. Затоа ги намалуваме Максималните штети што може да ги претрпи.









Гаубица

- Зголемени штети во зона од 1150 на 1300;

- Зголемени штети по згради од 2300 на 2400;

- Откривме дека Гаубицата не беше во центарот на вниманието минатата сезона и затоа ги зголемуваме нејзините штети по згради и зона.








Ракетна батерија

- Зголемени штети во зона од 120 на 150;

- Ракетната батерија е една од најефективните тактики против агресивни комплети, кои се потпираат на моќни војски. Меѓутоа сметаме дека нејзините штети во зона не се доволни и затоа малку ги зголемуваме.







Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за новата сезона?


11 views0 comments

Recent Posts

See All