• Simutronics Corp.

Почнува Сезона 23



Рестарт на сезоната


Добредојдовте во сезона 23! Како што веројатно знаете, моменталните рангирања се заклучени, сите играчи од Престижен ранг (Гардист III и нагоре) се наградуваат со целосно заслужени Престижни кутии на основа на највисокиот Престижен ранг, достигнат во сезоната. Поените победа исто се рестартираат за да совпаднат со претходно зададените вредности, кои можат да се видат во екранот на Рангот. Сите операции исто се рестартираат и почнуваат од ниво 1 и се готови за вашите донации!


Почнуваме со новата сезона со ново рангирање, подготвено за сите воини, кои сакаат да се натпреваруваат! Собирајте ги војските и уништувајте ги непријателите!


БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:


Последна заштита

· Намалени максимално апсорбирани штети од 6750 на 6000;

· Последната заштита беше една од ѕвездите на изминатата сезона. Откако малку ги намаливме нејзините показатели во претходната сезона, сè уште сметаме дека оваа карта е премногу моќна. Затоа значително ги намалуваме нејзините максимално апсорбирани штети.






Уништувач на тенкови

· Намалени штети по возила од 6425 на 6200;

· Уништувачот на тенкови беше доста популарен по фронтовите во изминатата сезона. Затоа одлучивме малку да ги намалиме неговите штети по возила, бидејќи изгледа дека картата беше премногу силна.








Јуриш

· Намален бонус на брзина од 50% на 40%;

· Јуришот беше активно користен заедно со Последна зашитата во текот на изминатата сезона, давајќи има на играчите огромна предност. Затоа го намалуваме бонусот на брзина на картата.








Бодликава жица

· Зголемени штети во зона од 1200 на 1300;

· Бодликавата жица не беше многу популарен избор кај играчите и затоа одлучивме малку да ја подобриме, зголемувајќи ги нејзините штети во зона.









Нагазни мини

· Зголемени штети во зона од 1200 на 1300;

· Како и Бодликавата жица, Нагазните мини исто често не пронаоѓаа место во комплетите на играчите, затоа ги зголемуваме нивните штети во зона.








Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за новата сезона?


93 views0 comments

Recent Posts

See All