• Simutronics Corp.

Почнува Сезона 24



Рестарт на сезоната


Добредојдовте во сезона 24, Генерали! Крајот на сезоната секогаш е повод за празници, но исто така значи дека сите играчи, кои достигнале Престижен ранг (Гардист III и нагоре), ќе бидат наградени за вредната работа на фронтовите со Престижна кутија! Рангирањата се замрзнати и најдобрите играчи ги зазеле првите места. Операциите се ресетирани и повторно ги очекуваат вашите донации. - “Нова сезона – ново рангирање” – ова е мотото во Siege: World War II.

Да не ги заборавиме и промените по балансот, кои се важен дел од секој рестарт.

Да започнеме!

БАЛАНСИРАЧКИ ПРОМЕНИ:

Стражарска кула

· Стражарската кула присуствуваше во голем број комплети на играчи и во нивните стратегии во изминатата сезона. Бидејќи е моќна карта, која може да предизвика хаос на фронтот, решивме да го намалиме нејзиното Здравје и да ја зголемиме цената во ресурси од 3 на 5. Се надеваме дека оваа промена ќе ја балансира честата употреба на оваа карта.

· Здравјето е намалено од 7000 на 6000.

· Цената во ресурси е зголемена од 3 на 5.

· Времетраењето е намалено од 40 на 34 секунди.

Уништувач на бункери

· Уништувачот на бункери е една од најполезните карти со чија помош противничкиот бункер може да биде поразен од далечина. Затоа оваа карта беше популарен избор во изминатата сезона и затоа решивме да ги намалиме нејзините штети по згради.

· Штетите по згради се намалуваат од 5500 на 5000.

· Цената во ресурси се зголемува од 2 на 3.



Воен инженер

· Војните инженери се слават како војници кои се тешки за убивање, а ако ја додадеме и нивната способност да поправаат и утврдуваат згради, тие се претвораат во многу силни карти. Затоа ќе го намалиме нивното здравје, како и количеството што може да го поправаат.

· Здравјето се намалува од 2000 на 1800.

· Количеството поправка се намалува од 200 на 160.



Противтенковски мини

· Противтенковските мини се една од тактиките кои вршат одлична работа против противтенковските тенкови, но во последно време не ги гледаме често на фронтот. Затоа ги зголемуваме нивните Штети по возила во зоната.

· Зголемени Штети по возила во зоната од 2000 на 2200.




Пламенофрлач

· Пламенофрлачот е добра единица за блиска борба со добри штети како по возила, така и по згради, но и покрај тоа сметаме дека картата може да се справи уште подобро против згради и затоа го зголемуваме овој модификатор.

· Штетите по згради се зголемуваат од 400 на 450.



Снајперист

· Снајперите се одлични против силна противничка пешадија, бидејќи приоритетно ги одбираат единиците со најмногу Здравје. За сметка на ова, Снајперот е релативно лесен за убивање и сметаме дека тоа го прави послаб за играчите да не го преферираат во своите комплети. Затоа го зголемуваме неговото Здравје.

· Здравјето се зголемува од 2400 на 2600.



Бодликава жица

· Бодликавата жица секогаш била одличен избор кога сакаш да ги запреш противничките војски кои ги напаѓаат бункерите или воените постови, што си ги зазел. Важната улога на оваа карта да го држи непријателот далеку, нѐ натера да ја направиме малку поскапа и затоа ја зголемуваме нејзината цена.

· Цената во ресурси се зголемува од 1 на 2.



Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за новата сезона?


12 views0 comments

Recent Posts

See All