• Simutronics Corp.

Почнува Сезона 27



Добредојдовте повторно, Генерали! Крајот на сезона 26 е пред нас и со него сме спремни ја пресретнеме новата сезона 27! Сите играчи во Престижен ранг 3 и нагоре ги добиле своите заслужени награди. Рангирањата се замрзнати и во новата сезона ги отекуваме вашите претстојни победи! Сите Операции исто се вратени до ниво 1 и ги очекуваме вашите великодушни донирања!


Оваа сезона ќе ви претставиме чисто нова карта – Експлозивни мини.

Експлозивните мини се додадени кон ниво 5 и сите играчи во ова ниво и нагоре имаат шанса да ги отклучат и да ги употребуваат во битка.


Еве информација за најважниот дел од рестартот на сезоната – промените во балансот!



Нова картичка:

Додадена во ниво 5:


Експлозивни мини

  • Тактичка карта

  • Додадена во ниво 5

  • Необична реткост

  • Ресурс 3

  • Поставува 12 мини на полето, кои нанесуваат штети на пешадија и тенкови и ги забавува.

Експлозивните мини ќе ве заштитат и ќе ви дадат малку повеќе време за реакција за време на битката.


Ветеранската верзија на картата исто така е достапна!





ПРОМЕНИ ВО БАЛАНСОТ:


Минофрлач

Минофрлачот не беше помеѓу најпопуларните избори во текот на последната сезона. Проценовме дека картата може да предложи повеќе на фронтот, затоа го зголемуваме нејзиното здравје.

Зголемено здравје од 1500 на 2000

Ракетна батерија Ракетната батерија од доста време се плаши од светлината на проекторите. За да ѝ дадеме подобра шанса да блесне, ги зголемивме штетите по зона.

Штети по зона зголемени од 150 на 300





Бомбардирање Бомбардирањето не беше омилено помеѓу нашите играчи; слично на Минофрлач, картата не беше користена многу во текот на последната сезона. За да ѝ дадеме благо поттикнување, ги зголемивме штетите по возила. Штети по возила зголемени од 550 на 600




Механичар

Механичарот се претставуваше слабо за време на оваа сезона. Ако се има во предвид дека е лесно да биде убиен, одлучивме дека е добро на механичарот да му дадеме малку засилување на неговото здравје. Зголемено здравје од 2000 на 2500




Командос

За на Командосот да му дадеме поголема шанса да биде избран, ги зголемивме штетите по возила во зона, кое ја прави картата добар избор против непријателски тенкови. Штети по возила по зона зголемени од 3000 на 3200





Радио оператор

Повикувањето на воздушни удари против непријателите може да е многу моќен потез, но не и ако радио операторот загине, пред да стигне до определеното место. За да сме сигурни дека тој ќе ја достигне одредената локација, го подобривме неговото здравје..

Здравје зголемено до 3000 на 3500



Супер-тежок тенк

Дури после подесувањата во последните сезони, осетивме дака супер-тешкиот тенк всушност не се претставува како што треба. Одлучивме да ги зголемиме штетите по згради и по возила.

Штети по згради зголемени од 2200 на 2400

Штети по возила зголемени од 2200 на 2400


Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.

Спремни ли сте за нови победи, Генерали?


9 views0 comments

Recent Posts

See All