• Simutronics Corp.

Пристигна Сезона 28!



Добредојдовте повторно, Генерали! Со крајот на Сезона 27 и почетокот на Сезона 28 сакаме да ве поздравиме за трудољубивоста и посветеноста кон играта. Се разбира, новата Сезона ви носи многу возбудливи промени!

За почеток играчите од Престижен ранг 3 и нагоре се наградуваат за напорите, рангирањата се рестартирани и започнува новата авантура кон врвот!

За да им оддадеме заслужена почит на оние играчи, кои ги зазеле првите 3 места во рангирањата на глобално и државно ниво, ви претставуваме два нови ордени - Владетел на нацијата и Владетел на светот.

Сите Операции се ресетирани и разместивме некои од нив за да имате поразновиден избор во играта. Донирајте поени од операции за да ги надоградувате и дајте го најдоброто од себе на бојното поле!


Ротација на Операциите:


Операции Ранг 1:

  • Воздушна дивизија

  • Засилување

  • Блицкриг

Операции Ранг 2:

  • Баталјон

  • Бомбашка флота

  • Горење

Операции Ранг 3:

  • Хероизам

  • Оклоп

  • Инспирирани тактики

Сојузни операции:

  • Поле со бодликава жица

  • Јака одбрана

  • Собирање војска

Оваа сезона на фронтот ќе има нова карта - Воен мотоцикл!


Додадена е нова карта:

Додадена во Ранг 5



Воен мотоцикл:

  • Тактичка карта

  • Додадена во ранг 5

  • Необична реткост

  • Цената е 3 ресурс

  • Воен мотоцикл со кош, кој е опемен со митралез. Кога ќе биде уништен, има шанса на негово место да се појави војник.

Воениот мотоцикл е одлична тактика која ги контрира противничките пешадиски единици и како цело служи за брз контранапад на големи пешадиски формации.





Ќе биде достапна и ветреранска верзија на картата!



Промени во балансот



Последна заштита


Последна заштита беше една од картите кои ги засенуваа сите останати во текот на претходната сезона. За да ја балансираме, ќе ги намалиме нејзинити Примени штети.


Примени штети намалени од 5000 на 4000






Уништувач на тенкови


Уништувачот на тенкови е една од картичките која главно се фокусира на противничкиот транспорт и сметаме дека штетите кои ги нанесува по нив, се малку повеќе отколку што очекувавме.


Штетите по превоз намалени од 6200 на 6000





Тактички камион


Тактичкиот камион не се користеше често од играчите во текот на претходната сезона и за да ги охрабриме да го користат, малко ги зголемуваме нејзините Штети. Со овој начин се надеваме дека играчите ќе го постават во своите комплети.


Штетите зголемени од 50 на 75




Стрелец со пушка


Стрелецот со пушка е неверојатна карта, која дефинитивно може да блесне на фронтот. За да ја направиме уште посилна, малку ги зголемуваме нејзините штети по зона.


Штети по зона зголемени од 550 на 600





Бел фосфор


Белиот фосфор беше една од омилените карти на играчите и за да ја балансираме, малку ги намалуваме неговите Огнени штети.


Огнени штети намалени од 120 на 100







Транспортер


Транспортерот не се користеше многу често и за да го направиме повторно достоен за комплетите на играчите, го зголемуваме неговото Здравје


Здравје зголемено од 1500 на 1700












Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за битка, Генерали?


39 views0 comments

Recent Posts

See All