• Simutronics Corp.

Пристигна Сезона 30!



Добредојдовте повторно, Генерали! Ова видео го одбележува почетокот на 30-тата сезона во Siege:World War II! Честитки за добрата работа на сите играчи кои го достигнаа Престижниот ранг Гардист III и нагоре! Наградите ве очекуваат! Рангирањата се рестартирани и повторно е време за битки!


Од почетокот на оваа сезона Сојузната кутија ќе има нови 10 дополнителни нивоа кои даваат подобри награди. Вашиот сојуз ќе треба да има минумум поени за победа за да отклучи некои од нивоата. Сојузната кутија веќе ќе започне со ресетот на дневните медали.


Оваа сезона на фронтот ќе се појави нова карта - Средство за стрелање на ракети!



Додадена е нова карта:

Додадена во Ранг 4:




Средство за стрелање на ракети:

  • Воена карта

  • Додадена во ранг 4

  • Обична реткост

  • Цената е 4 ресурс

  • Средството за стрелање на ракети истрелува неколку ракети кои нанесуваат штети во зона од големо растојание. Може да се користи против возила и против згради.

Возилото е одлична нова карта која ќе ја промени динамиката на битката. Новата сезона ќе биде возбудлива!





Ќе биде достапна и ветеранска верзија на картата!



Промени во балансот




  • Самодвижечките мини веќе ќе добиваат бонус од Фабриката за тенкови и од Зградата за муниција, кои се наоѓаат во личната и во сојузната база. Картата ќе го добие бонусот како возило.











  • Уништувач на тенкови

Уништувачот на тенкови изглевдаше премногу силен против возила и за да го направиме побалансиран, ги намалуваме неговите штети против возила.


Намалени штети по превоз од 6000 на 5800










  • Бел фосфор

Изведбата на Белиот фосфор на фронтот беше малку небалансирана и за да го поправиме, малку ги намалуваме штетите од горење на картата.


Намалени штети од горење од 100 на 90










  • Контејнер со муниција

Освен што дава бонус на штетите, Контејнерот со муниција исто така може да се користи како цел што успешно може да ви обезбеди време во битката. За картата да се користи главно како бонус, го намалуваме нејзиното здравје.


Намалено здравје од 4000 на 3900










  • Супер тежок тенк

Супер тешкиот тенк беше ѕвездата во текот на изминатата сезона со тоа што промената во брзината му обезбеди суштинска предност. Оваа сезона малку ќе ја намалиме неговата брзина на движење со кое се надеваме дека на овој начин ќе ја пронајдеме златната средина за оваа карта во битка.


Брзина на движење намалена од 3 на 2,70







  • Артилериски бараж

Обратно на супер тешкиот тенк, артилерискиот бараж беше далеку од проекторите во текот на претходната сезона. За да ја направиме оваа картиа покористена во битка, ги зголемуваме нејзините штети.


Зголемени штети од 400 на 450


Зголемени штети по згради од 750 на 800









Ракетна батерија


Ракетната батерија е друга карта која не беше многу присутна во комплетите на играчи. За да го промениме ова, ги зголемуваме нејзините штети по возила.


Зголемени штети во зона од 300 на 500


Зголемени штети по возила од 1000 на 1500










  • Лесен тенк

Лесниот тенк исто така добива лесен бонус и за да го направиме посилен против возила, ги зголемуваме неговите штети по возила.


Зголемени штети по возила од 1200 на 1400











Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за битка, Генерали?


1 view0 comments

Recent Posts

See All