• Simutronics Corp.

Пристигна Сезона 31!



Добредојдовте повторно, Генерали! Денес го одбележуваме почетокот на 31-вата сезона во Siege:World War II! Честитки за добрата работа на сите играчи кои го достигнаа Престижниот ранг Гардист III и нагоре! Наградите ве очекуваат! Рангирањата се рестартирани и повторно е време за битки!


Оваа сезона ќе ги подобриме показателите на следните Операции - Оклоп, Засилување, Собирање војска, Јака одбрана, Хероизам, Горење, Блицкриг, Бомбашка флота и Воздушна дивизја. Сите операции се ресетирани и оваа сезона ги разменивме местата на некои од нив за да создадеме поразновидни и интересни избори во играта. Донирајте Поени за Операции за да ги надоградувате и бидете подобри на бојното поле!


Ротација на Операциите:


Операции Ранг 1:

  • Јака одбрана

  • Блицкриг

  • Инспирирани тактики

Операции Ранг 2:

  • Хероизам

  • Воздушна дивизија

  • Поле со бодликава жица

Операции Ранг 3:

  • Оклоп

  • Бомбашка флота

  • Баталјон

Сојузни Операции:

  • Оклоп

  • Засилување

  • Горење


Оваа сезона на фронтот ќе се појави нова карта - Тенк мамка!


Додадена е нова карта:

Додадена во Ранг 3:



Тенк мамка:

  • Тактичка карта

  • Додадена во ранг 3

  • Обична реткост

  • Цената е 2 ресурс

  • Го поставуваш тенкот мамка на фронтот и тој ги тера противничките единици во неговиот радиус на дејство да го напаѓаат со приоритет.

Тенкот мамка е многу интересна нова карта која може да одигра голема улога на фронтот.


Ќе биде достапна и ветеранска верзија на картата!




Промени во балансот


  • Средство за стрелање на ракети


Средството за стрелање на ракети беше ѕвезда во минатата сезона и доминираше на фронтот. Гледајќи колку уништувачко може да биде, решивме да ги намалиме неговите штети по зона.


Штетите по зона намалени од 200 на 175.











  • Воен мотоцикл


Воениот мотоцикл обратно од Средството за стрелање на ракети, не беше многу популарен избор. За да ја зголемиме неговата употреба, ќе ги засилиме неговите штети по згради, како и штетите по возила.


Зголемени штети од 150 на 180

Зголемени штети по згради од 150 на 180

Зголемени штети по возила од 100 на 150







  • Наредник инструктор


Наредник инструкторот е познат по своето подобрување на штетите по сојузниците кои се наоѓаат во близина. Го подобруваме неговото Здравје, а за да го направиме уште попопуларен, го зголемуваме и неговиот радиус на ефективност, како и бонусот на штетите.


Зголемено здравје од 4500 на 4800

Зголемен радиус на ефективност од 6 на 8

Зголемен бонус штети од 20% на 30%






  • Пилбокс


Пилбоксот беше дел од борбата во изминатата сезона, особено во првите неколку минути од битката. Затоа го намалуваме почетниот оклоп.


Намалување на почетниот оклоп од 100% на 75%












  • Минофрлач


Минофрлачката не само што има голем опсег, а исто така може да биде и многу тешка за убивање. За да ја балансираме, малку го намалуваме нејзиното Здравје.


Намалено Здравје од 2000 на 1750











  • Самодвижечка мина


Обратно на Минофрлачката, самодвижечката мина треба максимално да се доближи до целта за да нанесе големи штети. За да ѝ дадеме подобра шанса да го направи, го зголемуваме нејзиното здравје.


Зголемено Здравје од 2500 на 3000











  • Митралеско гнездо


Гнездото во претходната сезона беше една од популарните карти. Бидејќи е здрава и нанесува големи штети, решивме да го намалиме нејзиното здравје за да ја балансираме.


Намалено Здравје од 8000 на 7500












  • Ракетна батерија


Ракетната батерија не се покажуваше добро како дефанзивна тактика. Според нас е премногу слаба и затоа ги зголемуваме штетите по превоз.


Зголемени штети по превоз од 1500 на 1900











Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за битка, Генерали?


1 view0 comments

Recent Posts

See All