• Simutronics Corp.

Сезона 34 е тука!



Добредојдовте повторно, Генерали! Денес го одбележуваме почетокот на 34-тата сезона во Siege:World War II! На сите играчи кои го достигнаа Престижниот ранг Гардист III и нагоре во последната сезона - честитки! Ќе бидете наградени за вашите напори! Рангирањата се ресетирани и се спремни одново да ги покорите, затоа - соберете ја војската и напред кон победа!


Сите Операции се ресетирани и оваа сезона ги разместивме за да ги направиме поразновидни и интересни како избор за игра. Донирајте поени за Операции за да ги надоградувате и дајте сѐ од себе на фронтот!


Ротација на Операциите:


Операции Ранг 1:

  • Оклоп

  • Блицкриг

  • Бодликава жица

Операции Ранг 2:

  • Јака одбрана

  • Бомбашка флота

  • Баталјон

Операции Ранг 3:

  • Засилување

  • Хероизам

  • Инспирирани тактики

Сојузни Операции:

  • Воздушна дивизија

  • Горење

  • Собирање војска


Додадена е нова карта:



Универзален боен тенк:

  • Карта за војска

  • Додадена во ранг 9

  • Херојска реткост

  • Цена 8 ресурс

  • Картата додава универзален тенк, опремен со оружје против згради и возила и митралез против пешадија.

Има шанса да создаде командоси, кога ќе биде уништен.









Ќе биде достапна и ветеранска верзија на картата!



Промени во балансот




  • Ракетен удар

Ракетниот удар дефинитивно беше една од најкористените карти во претходната сезона и за да ја направиме малку побалансирана, малку ги намалуваме нејзините штети по возила


Намалени штети по возила од 4500 на 4300.








  • Артилериски бараж

Артилерискиот бараж, обратно на Ракетниот удар, не беше многу популарен избор помеѓу играчите. За да ги промениме работите во текот на новата сезона, ги зголемуваме нејзините стандардни штети, како и тие по згради и возила.


Зголемени штети од 1000 на 1200.

Зголемени штети по згради од 1200 на 1500

Зголемени штети по возила од 1200 на 1500




  • Гаубица

Гаубицата веројатно е една од најдобрите карти, кои можат да се употребуваат за нанесување на големи штети како по згради, така и по возила. Големиот опсег на картата ја прави претпочитан избор и за да ја балансираме, малку ги намалуваме нејзините штети по возила.


Намалени штети по возила од 2300 на 2000






  • Механичар

Механичарот беше настрана од проекторите. За да ја направиме картата пополезна во битка, го зголемуваме количеството поправка од 200 на 250.


Зголемени количество поправка од 200 на 250









  • Артилериска стрелба

Артилериската стрелба е уште една карта која не беше популарна помеѓу играчите. За да го промениме ова, ги зголемуваме нејзините штети по линија.


Зголемени штети по линија од 405 на 450










  • Пропаганда

Пропагандата е карта која може да има големо влијание за време на битката. И поточно - нејзината шанса да ги сврти противничките единици на ваша страна. Оваа сезона ја зголемуваме шансата за конверзија на возила.


Зголемена конверзија на превоз од 25% на 35%








Ветеранските верзии на сите променети карти исто така ќе ги претрпат соодветните измени.


Спремни ли сте за битка, Генерали?


1 view0 comments

Recent Posts

See All