• Simutronics Corp.

Пристигнаа Ветеранските карти!



Што претставуваат Ветеранските карти и како работат?


Новите Ветерански карти се специјализирани во различни аспекти и имаат подобри показатели од нормалните верзии. Играчите ќе имаат шанса да ги отклучат, ако ги подобриле нормалните верзии на своите карти до 15-то ниво. Меѓутоа, играчите нема да можат истовремено да вклучуваат Нормална и Ветеранска верзија на една и иста карта во комплетот. Ова ќе создаде услови за разновиден гејмплеј со комплети од карти, кои содржат или Нормални или Ветерански карти.


Кои Ветерански карти ќе бидат достапни со моменталната нова верзија?

Моменталната нова верзија ќе ги претстави првите 5 Ветерански карти:

· Контејнер со муниција – Ветеранската верзија е со зголемено здравје и времетраење, а исто така и со поголем бонус на штетите и радиусот на дејство.

· Болничар – кај Ветеранскиот Болничар на фронтот се појавуваат 3 единици за разлика од 2, кои се кај Нормалната верзија. Нивното здравје исто така е зголемено.

· Јуриш – Ветеранската верзија е со подолго времетраење и значајно подобар бонус на брзината, којашто ја дава.

· Минофрлач – Ветеранскиот Минофрлач е со 2 секунди брзина на напад за разлика од Нормалниот, кој е 3 секунди, а исто така и со зголемени штети по градби.

· Бел фосфор – Ветеранската верзија е со зголемени огнени штети огнени по градби и огнени штети по возила. Дополнително е и со зголемено времетраење на огнените штети.

Спремни ли сте за нови битки?


0 views

© 2018 Simutronics Corporation.