• Simutronics Corp.

Што претставуваат сојузните војни?



Сојузната војна е настан кој се повторува при кој сва сојузи се наптреваруваат еден против друг. Играчите од секој сојуз собираат медали со тоа што водат стандардни битки. Секој медал се додава во моменталниот резултат од војната на сојузот. Дуелите остануваат онакви какви што се – играчите ќе бидат исправени пред произволни противници, а не конкретно пред играчи од противничкиот сојуз. Сојузот победник ќе добие награда на крајот на војната, затоа соберете сили и подгответе се за битка!


Барања за учество:


• Потребно е да учествуваш во сојуз

• Во сојузот треба да има повеќе од еден член

• Неопходно е да учествуваш во сојуз пред почетокот на војната за да добиеш награда на крајот во случај твојот сојуз да победи. Потрбно е да останеш во сојузот до крајот на војната. Ако го напуштиш сојузот за време на војната или после наоѓање на противник, ќе го загубиш правото за добивање награда. Ако се придружиш во сојуз за време на војната, твоите медали нема да се пресметаат за моменталната војна.

*Ако заради некаква причина сакаш да го смениш сојузот, те советуваме тоа да го направиш за време на Етапа 3 на војната за да не го загубиш правото да добиеш награди. *

Каква е механиката?


Сојузите се поставуваат во ситуација на војна во случајни денови. Нема распоред кој одредува кога твојот сојуз ќе војува. Меѓутоа сите сојузи ќе спроведуваат еднаков број војни за определен период од време. Биди подготвен во секој момент, бидејќи е време за војна. Никој не е во безопасност!


Војната има 3 етапи:


Етапа 1 – Подготовка


Во текот на оваа етапа сојузот ќе биде соочен со друг соодветен сојуз. Секој играч ќе може да дознае кој е противничкиот сојуз и колку време останува за подготовка. Етапата на подготовка е со продолжителност 24 часа.


Етапа 2 – Војна


Ви текот на оваа етапа играчи од сојузите треба да соберат колку што е можно повеќе медали. Ова се случува преку битки со произволни играчи или стандарден режим на дуели. Нема промени во определувањето на противник во дуелите во услови на војна. Војната продолжува 24 часа.

Етапа 3 – Награди


После истекувањето на 24-те часа на војната, сојузот кој освоил повеќе медали, победува. Играчите кои имаат принос во војната, ќе добијат War Winner Box. Содржината на War Winner Box се одредува од моменталниот ранг. Играчите располагаат со 24 часа за да си ја земат наградата.

При еднаков резултат на се избира победник и во тој случај и двата сојузи остануваат без награда после војната.


Важно: Сојузите се поставуваат во ситуација на војна во случајни денови. Нема распоред кој одредува кога твојот сојуз ќе војува.


Зимата си оди, но војната допрва започнува! Биди спремен бидејќи твојот сојуз има потреба од ТЕБЕ!


4 views

© 2018 Simutronics Corporation.